За многумина, денот започнува со шолја кафе, а кога на тоа ќе се додаде мала доза на мелен ѓумбир тогаш тоа може да помогне за подобро варање.
Ѓумбирот традиционално се поврзува со подобро варење, а современите истражувања покажуваат дека може да влијае и на подвижноста на желудникот и брзината на неговото празнење.
За почеток, се советува да се земе приближно една четвртина до половина лажичка мелен ѓумбир во шолја кафе. Може да се стави директно во подготвеното кафе и добро да се промеша. Бидејќи има доста силен и малку зачинет вкус, најдобро е да се започне со мала количина, а потоа постепено да се зголемува по желба.
Комбинацијата од кафе и ѓумбир може малку да го стимулира варењето кај некои луѓе, додека кај други ефектот ќе биде едвај забележлив или целосно отсутен. За луѓе со чувствителен стомак, горушица или рефлукс, оваа комбинација може да предизвика непријатно чувство или да ги влоши симптомите уште повеќе.
Се препорачува посебна претпазливост кај луѓе кои земаат лекови кои влијаат на згрутчувањето на крвта, како и кај луѓе со одредени други здравствени состојби. Затоа најдобро е за редовно конзумирање на поголеми количини на ѓумбир да се консултира лекар.

