![Обвинителството сè уште не го добило извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска Обвинителството сè уште не го добило извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска](https://provereno.mk/wp-content/uploads/2023/12/vanja-gjorcevska.jpg)
Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството.
Од обвинителството посочуваат дека е во фаза на прибирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
Осомничениот за убиствата на Ѓорчевска и на Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, е во екстрадиционен затвор во Турција.