дома Локално СВР Тетово апелира да не се палат отпад, меѓи и стрништа-Пожарите зачестија,...

СВР Тетово апелира да не се палат отпад, меѓи и стрништа-Пожарите зачестија, ќе има контроли

21

Секторот за внатрешни работи Тетово  апелира до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња и опушоци.

„Покрај ова, на оние кои деновиве ги чистат нивите, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои неизгаснати брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и  материјални и други последици од поголеми размери, на околни ниви, објекти и слично. Зашто, во спротивно тие што од невнимание или намерно ќе предизвикаат пожар ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни пријави и затворски казни кои се движат од 6 месеци до 5, односно 8 години, зависно од видот на пожарот, околности и крајните последици.“, нагласува портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
Секторот за внатрешни работи Тетово деновиве презема координирани превентивни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, особено во полето каде и се најчести овој месец, а ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.
Центарот за управување со кризи утрово информираше дека последното деноноќие во земјава се регситрирани 24 пожари на отворено, неколку од нив во полошко подрачје. Регионалниот ЦУК Тетово известува дека вчера тетовските пожарникари, од 18 до 18:40 часот, со 3 пожарникари и едно возило гаснеле запалена ниска вегетација кај село Теново општина Брвеница и од 20:55 до 22 часот, со 3 пожарникари и едно возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 2 декара кај селата Прељубиште-Јанчиште, Општина Јегуновце.Пожарникарите од ТППЕ Гостивар во текот на изминатото деноноќие имале и две помали интервенции на запалена ниска вегетација кај Неготино полошко и кај фабриката „Бек-Гранит“ Општина Врапчиште.

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гостин: д-р Агим Јакупи

Извор

– Реклама –

 

 

ПредходнаПристигнуваат пари за 4 хороскопски знаци! Еве кој ќе ги добие парите до 17 февруари, а еден знак треба да ги игра игрите на среќа
СледнаМСУ е изграден на темели на љубов, солидарност и колективен труд