дома Македонија МНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништа, издавањето е без надомест

МНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништа, издавањето е без надомест

19

    Министерството за надворешни работи попладнево информира дека во нашите дипломатско-конзуларни претставништва има доволно патни листови со кои граѓаните можат да се вратат во земјава и дека тие ќе се издаваат без да се наплаќа конзуларна такса.

Во информацијата испратена до медиумите, МНР соопштува дека се олеснува и доставата на патниот лист, односно дека тој може да биде доставен и преку брза пошта.

Досега во Министерството и во дипломатско-конзуларните претставништва ниту еден граѓанин не пријавил проблеми при патување со патните листови или со друг вид на документи со Република Северна Македонија.

– Воедно, информираме дека  до овој момент ниту еден наш државјанин не пријавил во Министерството,  ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи со Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Патниот лист им е потребен на сите оние граѓани кои останаа во странство поради тоа што нивните патни документи станаа неважечки по 12 февруари.

ПредходнаСпејс Икс одложи лансирање на вселенското летало на Месечината поради технички проблеми
СледнаВино и љубов во чест на Свети Трифун и Свети Валентин