дома Свет Спејс Икс одложи лансирање на вселенското летало на Месечината поради технички проблеми

Спејс Икс одложи лансирање на вселенското летало на Месечината поради технички проблеми

21

   Планираното лансирање на вселенско летало на Месечината беше откажано на помалку од два часа пред полетувањето што требаше да се случи денеска, соопшти изведувачот на лансирањето, компанијата Спејс Икс.

Спејс Икс, приватната ракетна и сателитска компанија на милијардерот Илон Маск, на платформата X соопшти дека тимот за лансирање „се откажал од обидот“ поради непостојаните температури на метанот пред леталото да се наполни со метан.

Компанијата додаде дека следниот обид за лансирање на вселенско летало без екипаж е закажан за утре.

Свемирското летало Одисеј, кое го изгради компанијата „Intuitive Machines“, се подготвува за мисија чија цел е да го изврши првото американско слетување на Месечината по последната мисија Аполо пред половина век.

Лансирањето, исто така, ќе го означи првото патување до Месечината во рамките на програмата Артемис на НАСА, со оглед на тоа што САД имаат за цел наскоро повторно да испратат астронаути на природниот сателит на Земјата, пред Кина да го стори тоа.

ПредходнаПад на Волстрит поради зголемената инфлација во САД
СледнаМНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништа, издавањето е без надомест