дома Култура Денеска е Чист понеделник – Започнува големиот Велигденски пост

Денеска е Чист понеделник – Започнува големиот Велигденски пост

12

 

Вчера беше Прочка, голем христијански празник, а денес верниците го одбележуваат Чист Понеделник. Од денеска за православните верници започнуваат големите Велигденски пости.

Денешниот ден Чист Понеделник е ден во кој според традицијата се чистат домовите, а посебно се обрнува внимание да бидат чисти садовите за јадење. Верниците посебно чисти треба да се чуваат за време на велигденските пости, бидејќи се подготвуваат за најголемиот празник, Велигден.

Постот е оружје во духовната борба против земјените сили. Тој е сила во давање отпор во духовната немоќ за да се постигне врвната цел на христијанскиот живот. Велигденските пости или светата четириесетница се најдолгите пости.

Од Бигорскиот манастир вчера упатија порака за Благословен почеток на најголемиот и најстрогиот пост за верниците, Велигденскиот пост.

ПредходнаБигорски: На сите нека им е благословен почетокот на Великиот пост, едни со други да се помириме и да си простиме
СледнаГревот на проштевањето