дома Свет Амбасадата на САД во Москва сепак предупредила за нападот 2 недели порано

Амбасадата на САД во Москва сепак предупредила за нападот 2 недели порано

11

  Американската амбасада во Москва издаде соопштение во кое вели дека е „шокирана“ од нападот и изразува „искрено сочувство“ до рускиот народ.

Амбасадата ги советува американските граѓани да ја избегнуваат областа каде што се случи нападот.

Исто така, предупреди дека американската влада е „строго ограничена“ во нејзината способност да им помогне на своите граѓани во Русија далеку од амбасадата во Москва. Во соопштението се вели дека руската влада ја ограничила можноста на американскиот персонал да патува.

Би-Би-Си потсетува дека САД пред две недели издадоа предупредување до своите граѓани во кое се вели дека официјалните лица „ги следат извештаите дека екстремисти имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, кои вклучуваат концерти“.

Во предупредувањето Американците се повикаа да избегнуваат големи собири 48 часа. Тој временски период помина, но сличностите помеѓу предупредувањето и денешните настани сугерираат дека е можна поврзаност, коментира британскиот медиум.

ПредходнаИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Москва
СледнаФСБ на Русија: Во нападот кај Москва најмалку 40 загинати