дома Свет ФСБ на Русија: Во нападот кај Москва најмалку 40 загинати

ФСБ на Русија: Во нападот кај Москва најмалку 40 загинати

10

   Според прелиминарните податоци, 40 лица загинале, а повеќе од 100 се повредени во терористичкиот напад во Крокус Сити Хол во московската област, јавуваат руските медиуми повикувајќи се на центарот за односи со јавноста на ФСБ (Федералната служба за безбедност).

– Прелиминарно, како резултат на терористичкиот напад во комплексот Крокус Сити Хол во моментов има 40 мртви и повеќе од 100 повредени, соопштила ФСБ.

Според локалните медиуми хоспитализирани се најмалку 21 лице, а четворица се во тешка состојба.

Неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва.

Нападот се случил во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт.

ПредходнаАмбасадата на САД во Москва сепак предупредила за нападот 2 недели порано
СледнаSafeJournalists: Бараме строга санкција за напаѓачот на Фуркан Салиу во Северна Македонија