дома Бизнис Пети ден тоне Волстрит- се лизна индексот S&P 500

Пети ден тоне Волстрит- се лизна индексот S&P 500

12

На њујоршки Волстрит индексот S&P 500 во четвртокот падна петти ден со ред, бидејќи сѐ појасно е дека американската централна банка нема да брза да ги намали каматните стапки и затоа што деловните резултати на компаниите не се многу импресивни .

Индексо Dow Jones зајакна 0,06 отсто, на 37.775 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,22 отсто, на 5.011 поени, а индексот Nasdaq 0,52 отсто, на 15.601 поен.

Индексот S&P 500 вчера падна петти ден со ред, па е на патот на загуби трета седмица со ред.

Во претходните пет месеци, најголемата светска берза силно порасна бидејќи инвеститорите очекуваа Fed агресивно да ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од јуни. Сепак, сѐ појасно е дека централната банка нема да брза со намалување на каматните стапки, бидејќи пазарот на трудот е сè уште силен, економијата расте, а инфлацијата е сè уште на повисоко ниво.

Затоа претставниците на Fed велат дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки. Оттаму, пак, сега на пазарот на пари се проценува дека има само 15 отсто шанси за намалување на каматната стапка на Fed во јуни, а околу 42 отсто во јули.

Индексите се под притисок и поради солидните, но не силни квартални деловни резултати на компаниите и банките. Така, на пример, по затворањето на Волстрит, цената на акцијата на „Netlix“ падна за околу 4 отсто во продолженото тргување, откако компанијата го објави својот деловен извештај.

А на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,37 отсто, на 7.877 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,38 отсто, на 17.837 поени, а париски CAC 0,52 отсто, на 8.023 поени.

ПредходнаЕвропските и азиските берзи под притисок од тензиите на Блискиот исток
СледнаТом Круз не постои за неа“: Сури Круз го прослави 18. роденден без својот татко