дома Магазин Том Круз не постои за неа“: Сури Круз го прослави 18. роденден...

Том Круз не постои за неа“: Сури Круз го прослави 18. роденден без својот татко

8

Сури Круз, ќерката на актерите Том Круз и Кејти Холмс, ги помина последните 12 години во сенка на шпекулациите за нејзината скршена врска со нејзиниот славен татко скиентолог.

Вчера таа го прослави својот 18. роденден без нејзиниот татко, кој со години не е присутен во животот на своето дете. Припадноста на актерот на контроверзната скиентолошка црква беше главна причина поради која неговата поранешна сопруга и ќерка му ги прекинаа сите контакти со него.

Сури Круз вчера / Фото: Fernando Ramales / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Како што пишува „Дејли мејл“, сега веќе полнолетната Сури не планира да ја обнови врската со својот оддалечен татко. Додека извори блиски до тинејџерката велат дека таа сè уште ги разгледува своите опции во однос на нејзината идна кариера, тие забележуваат дека таа е кристално јасна во една работа: „Том не постои за неа“.

Вчерашниот роденден на Сури официјално ги прекина сите преостанати врски со Том на хартија – тој веќе нема да ѝ плаќа издршка на Кејти, сума која наводно изнесувала 400.000 долари годишно.

Том Круз и ќерката Сури / Фото: Mario Magnani / Bauer Griffin / Profimedia

Но, дури и потенцијалот за идна финансиска помош нема да ја намами Сури да продолжи врска со нејзиниот татко, инсистираат оние кои се упатени во нивниот приватен живот.

„Иако има 18 години, Сури нема да има никаков контакт со нејзиниот татко. Па, дури и да се јави, таа нема да одговори. Тој не постои за Кејти и Сури, а неговата ќерка не сака да се потпре на него“, изјави изворите за „Дејли мејл“.

Тие продолжија: „Таа чувствува дека има еден родител, а тоа е нејзината мајка“.

ПредходнаПети ден тоне Волстрит- се лизна индексот S&P 500
СледнаЗошто „валканиот разговор“ за време на секс може да биде многу возбудлив?