дома Балкан Билчик: Србија, како најголема земја во регионот, има шанса да добие милијарди...

Билчик: Србија, како најголема земја во регионот, има шанса да добие милијарди евра од Фондот за раст на ЗБ

3

Известителот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, денеска изјави дека Србија, како најголема земја во регионот, има шанса да добие милијарди евра од Фондот за раст на Западен Балкан и дека затоа треба да се посвети на неопходните реформи. 

– Колку повеќе земјата се обврзува на реформите, усогласувањето со Европската унија и целите за пристапување, толку повеќе пари ќе добие, рече Билчик, пренесоа белградските медиуми.

– Мислам дека Србија има добри шанси да добие голем дел од парите, бидејќи е најголемата земја на Западен Балкан, рече Билчик, додавајќи дека условот за одобрување средства е напредок во пристапниот процес, што подразбира домашни реформи напредок во дијалогот со Приштина и усогласување со надворешната политика на Европската Унија.

Тој посочи дека следен тест за нашата земја ќе бидат претстојните локални избори на 2 јуни и изјави дека институциите на Европската унија ќе следат како се води изборната кампања.

ПредходнаПолитиката на Додик е контрапродуктивна за целиот регион, според германскиот пратеник за Западен Балкан
СледнаВрховниот суд на Грција ја отфрли кандидатурата на радикално десничарска партија Спартанци за учество на евроизборите