дома Свет Врховниот суд на Грција ја отфрли кандидатурата на радикално десничарска партија Спартанци...

Врховниот суд на Грција ја отфрли кандидатурата на радикално десничарска партија Спартанци за учество на евроизборите

9

Од 46 пријавени партии и коалиции на партии за европските избори на 9 јуни, Врховниот суд даде зелено светло за 31, а меѓу оние кои беа одбиени е и партијата Спартанци, која се поврзува со поранешниот пратеник на Златна зора Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна и се смета дека е вистинскиот лидер на партијата.

Затоа, сите 11 пратеници кои влегоа во Парламентот на ланските избори како дел од Спартанци, кривично се гонат за измама на гласачите, бидејќи по спроведената истрага на Обвинителството произлегло дека вистинскиот лидер на партијата всушност е осудениот Касидиарис и тој е оној кој го имал главниот збор во Спартанци, како и во изборот на кандидати за пратеници на изборите во јуни 2023 година.

Кривичното гонење на пратениците е и главната причина за денешната одлука на Врховниот суд да ја отфрли кандидатурата на Спартанци.

На изборите во јуни минатата година партијата освои 4,68 отсто од гласовите и доби 12 пратенички места, меѓутоа петмина пратеници ја напуштија пратеничката група и станаа независни.

Меѓу нив е и пратеникот Константинос Флорос кој денеска беше уапсен, откако физички нападна пратеник од Грчко решенија.

ПредходнаБилчик: Србија, како најголема земја во регионот, има шанса да добие милијарди евра од Фондот за раст на ЗБ
СледнаСрпското МВР уапси 17 лица, кои печателе лажни дипломи, па вработувале во државна служба