дома Свет Волстрит џурнал: Што содржи пакетот вреден 95,3 милијарди долари американска помош за...

Волстрит џурнал: Што содржи пакетот вреден 95,3 милијарди долари американска помош за Украина, Израел и Тајван?

9

Парите од пакетот вреден 95,3 милијарди долари ќе одат во три региони – Украина, Израел и индотихоокеански регион. Ќе бидат трошени во неколку субкатегории, наведува денеска весникот Волстрит журнал давајќи мала анализа за трошоците.

Парите за Украина се во висона 60 милијарди долари. Од тие, 20,5 миликарди се за операциите на Европската команда, 15,8 се за безбедносна помош, 13,4 милијарди се за обнова на американските резерви и 9,5 се економски заеми со можност да бидат отпишани. Околу една милијард долари се општи трошоци.

Израел ќе добие 26,3 милијарди долари од кои 13 милијарди се за одбранбени активности, 9,2 милијарди се хуманитарна помош за Газа и Западниот брег, додека 3,6 милијарди се безбедносна помош. Шестотитни милиони се општи за трошоци.

За индотихоокеански регион, во кој спаѓа и Тајван, се даваат пари во вредност од 8.1 милијарда долари. Од тие, 5,6 се за одвраќање (на Кина), две милијарди се за армиско финансирање и 300 милиони се за бродоградилишта. Уште 300 милиони се за општи трошоци.

Веднаш по потишувањето на законот Бајден рече дека испораките на оружје ќе почнат „во наредните часови“.

Тој истакна дека пакетот покажува дека САД и сојузниците целосно ја поддржуваат Украина во нејзината борба против руската инвазија и дека одобрението за помош е важно да покаже дека „ние се спротивставуваме на Путин“.

ПредходнаСАД тајно испратиле проектили со голем дострел ATACMS во Украина
СледнаДИК по преброени над 70% од гласовите: Гордана Силјановска Давкова – 39,15%, Стево Пендаровски – 19,19%