дома Живот Лакови за нокти во посветли нијанси – тренд за оваа пролет

Лакови за нокти во посветли нијанси – тренд за оваа пролет

4

Боја на лаванда

Пастелните тонови се признак на пролетта, но ако жената бара малку необични бои, лаванда е изборот што се препорачува. За да се осигурате дека бледи нијанси убаво се гледаат на ноктот, се почнува со бел основен слој, а потоа се додава лакот со боја на лаванда.

Бела боја

Ако пролетна гардероба е дотолку шарена што модата налага секој ден да се менува лакот за нокти, белата боја е одлично решение. Без разлика дали ќе се одлучите за нијанса на мраз или пополна, кремасто бела, тој лак се нанесува на кратки нокти, заради минималистички изглед, препорачуваат стилистите.

Беж

За сите оние кои не сакаат да си ги истакнуваат ноктите на нозете, изборот се лакови коишто прават ноктите да изгледаат само сјајно и здраво. Бежот е класична нијанса, а за љубителките на „шик“ минималистичкиот педикир, се препорачуваат млечно-беж боја или непроѕирна неутрална нијанса.

ПредходнаПоврзаност меѓу здравата исхрана и срцевите болести кај жени со рак на дојка
Следна„Спајс грлс“ повторно заедно за 50. роденден на Викторија Бекам