дома Култура Меѓународна изложба во Охрид во рамки на проектот „Проспер“

Меѓународна изложба во Охрид во рамки на проектот „Проспер“

4

Осуммина уметници од странство и од земјава овој месец престојуваа во Охрид како дел од проектот, при што се сплотија со околината и остварија интеракција со природата и со урбаното опкружување околу езерото. Нивната мисија во Охрид беше да ги истражат и да креираат врски меѓу еколошки ранливите региони, по пат на серија транснационални интеркултурни средби и соработк.

Идејата на резиденцијата беше да се инспирираат уметниците да пронајдат врски помеѓу нивната авторска практика и кревката околина на Охридското Езеро и неговите жители.

На изложбата може да се видат делата на Јара Асмар, Клаудио Беоркија, Јулија Ехлер, Кафар Рзаев, како и перформативно поетско читање на Ката Ѓорфи.

Дел од програмата предвидува случувања и на самото езеро и во неговата околина.
Муралите на Марија Видовиќ може да се видат на повеќе локации во Охрид, а медитативното звучно доживување на вода „The New Liquidity“ на Андерс Ехлин и на Селма Бошкаило ќе се случува на Охридското Езеро.

Проектот „Проспер“ што го кореализираат пет организации од Северна Македонија, Србија, Грција и Германија е кофинансиран од програмата Креативна Европа на ЕУ, како и од Министерството за култура.

ПредходнаБајден: Израел мора да дозволи помош за Палестинците без одлагање
СледнаРаботилница „Интерпретациjaта како основа за одржлив развој на природното и културното наследство“