дома Свет Од Белата куќа изјавија дека Русија во наредните недели може да изврши...

Од Белата куќа изјавија дека Русија во наредните недели може да изврши повеќе тактички придобивки

4

-Сигурно дека е можно Русија во наредните недели да изврши дополнителни тактички придобивки, изјави Саливан на денешниот прес брифинг.

Според познавачите, во окупираните делови на Украина силите на Русија се во предност со доволно војска и оружје и дека ќе биде потребно да се направи многу за да се врати состојбата во полза на Украина, по месеците и годините поминати во територијални загуби.

-Најитната цел е да се запрат украинските загуби и да се помогне Украина да го добие моментумот, и да ја сврти плимата на военето поле во своја корист, службено американско лице изјави денеска за Политико.

-Потоа, целта ќе биде да се помогне на Украина да ја врати територијата. Дали ќе имаат се што е потребно да победат? Најнакрај да. Но тоа не е гаранција дека тие ќе победат. Воените операции се многу покомлицирани од тоа, изјви службеникот за изданието.

ПредходнаТинејџер е уапсен во Франција поради планирање терористички напад за време на ОИ во Париз
СледнаВо СБ на ОН,Русија блокираше резолуција на САД и на Јапонија за нуклеарното оружје во вселената