дома Свет Тинејџер е уапсен во Франција поради планирање терористички напад за време на...

Тинејџер е уапсен во Франција поради планирање терористички напад за време на ОИ во Париз

4

Француската полиција уапси 16-годишно момче во западниот град Марињи, кое на социјалната мрежа Телеграм објави дека планира самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз.

„Младиот човек беше уапсен откако на социјалните мрежи објави дека планира да набави материјал за изработка на појаси со експлозив, за да умре како маченик во името на Исламскиот калифат“, се вели во изјавата на националниот обвинител.
Според франциски медиуми, започната е истрага за „злосторничко терористичко здружение“.

ПредходнаДИК по преброени над 80% од гласовите: Гордана Силјановска Давкова – 39,82%, Стево Пендаровски – 19,42%
СледнаОд Белата куќа изјавија дека Русија во наредните недели може да изврши повеќе тактички придобивки