Во интервју за телевизијата БН во Бијелина, тој оцени дека политичката криза во БиХ нема да се реши со попуштање, бидејќи, како што наведе, таа се повеќе се засилува.
Сарацин истакна и дека постои интерес за продолжување на реализацијата на проектите, кои германската влада ги прекина во РС, но дека неговата земја „ја гледа политиката што ја води Додик, како и неговите најави за отцепување“. – Но, ние мораме да ја оправдаме довербата на нашите граѓани и даночната политика, истакна германскиот специјален пратеник за Западен Балкан.