дома Uncategorized „Посвети и пофалби“, нова стихозбирка од Иван Џепароски

„Посвети и пофалби“, нова стихозбирка од Иван Џепароски

8

  „Посвети и пофалби“ е насловот на новата поетска книга на Иван Џепароски, издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје. Стихозбирката е објавена во познатата едиција „Синтези“, со поговор на Кристина Николовска, под наслов „Со стих кон стихот“, информираат од „Дијалог“.

– Генералната оценка во толкувачкиот прилог е дека „Посвети и пофалби“ од Иван Џепароски е проект со впечатливи творечки и креативни достоинства, „поетско дело кое на стабилен и моќен начин покренува важни теми од нашата култура“, велат од „Дијалог“.

Во оваа смисла Николовска подвлекува: „Тоа е прекрасен поетов глас, искрен и интимен однос кон поезијата, кон филозофијата во поезијата, арс-поетиката и поетската херменефтика. Со ова дело македонската литература, добива извонредно остварување кое преку стих покренува, третира и толкува серија важни прашања од нашиот културен, научен и творечки амбиент.“

Иван Џепароски (1958) е поет, филозоф, естетичар, критичар, преведувач и антологичар. Автор е на четириесетина дела од областа на поезијата, на естетиката и културната теорија, како и составувач на поетски антологии и на книжевно-теориски и естетички избори.

За своето творештво добитник е на наградите „Млад борец“, „Димитар Митрев“, „Парадигма“, „Браќа Миладиновци“, „Книжевен жезол“ и „Константин Филозоф“. Добитник е и на наградата „Григор Прличев“, највисоко признание за поетски превод.

ПредходнаМултимедијална изложба „Тркало на времето“ на италијанскиот уметник Марко Бањоли во Чифте амам
СледнаНационалниот џез оркестар со програмата „Џез лектира” ќе гостува во Велес