дома Спорт Клоп по поразот од Евертон: Борбата за титулата во моментов не е...

Клоп по поразот од Евертон: Борбата за титулата во моментов не е во наши раце

6

-Не знам како да го коментирам резултатот од натпреварот, можам само да им се извинам на навивачите за денеска. Требаше да се справиме подобро, но не направивме. За жал, Арсенал и Манчестер Сити ќе мора да имаат многу лоши денови за да ја освоиме титулата. Знаете, гледав само пет минути од вчерашниот натпревар против Арсенал и си помислив „Добро, доста ми е“… Вистината е дека борбата за титулата во моментов не е во наши раце, единствено што можеме да направиме е да ги добиеме сите натпревари, изјави Клоп.

Во моментов тимот е на второто место во англискиот шампионат, а во случај на евентуална победа на шампионот Манчестер Сити против екипата на Брајтон вечерба, „црвените“ ќе паднат на третата позиција.

ПредходнаВан Дајк јавно ги прозва соиграчите: Ја сакате ли воопшто титула?
СледнаИзложба „Цртеж, Експериментален цртеж” на ДЛУМ во куќата на Борко Лазески