дома Свет Поплава оштети затвор во Нигерија, побегнаа најмалку 118 затвореници

Поплава оштети затвор во Нигерија, побегнаа најмалку 118 затвореници

8

 Најмалку 118 затвореници побегнаа од затворот Сулеџа во близина на главниот град на Нигерија, Абуџа, откако поплави предизвикани од поројни дождови ја оштетија затворската установа доцна синоќа.

Тоа го изјави денеска портпаролот на затворската служба.
Портпаролот изјави дека службата интензивно трага по бегалци и досега се приведени 10 избегани затвореници.

Официјални лица не го прецизираа идентитетот или националноста на избеганите затвореници, но во минатото членови на бунтовничката група Боко Харам биле затворени во Сулеџа.

ПредходнаМакрон на Сорбона: Постои ризик оваа наша Европа да умре
СледнаФокс Њуз за првиот круг од претседателските избори