дома Спорт Реал и Баерн вечерва одлучуваат за вториот финалист во ЛШ.

Реал и Баерн вечерва одлучуваат за вториот финалист во ЛШ.

41

Противникот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) ќе биде познат вечерва по одигрувањето на реванш натпреварот од второто полуфинале во кое Реал во Мадрид го пречекува минхенски Баерн.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, кој започнува во 21 часот, ќе биде 28. пресметка меѓу двата европски гиганти по ремито 2-2 пред една недела во Минхен.

Реал во меѓусебните дуели има 12 победи, Баерн една помалку, а четири натпревари во историјата завршија нерешено.

Реал со 14 шампионски титули е европски рекордер, додека Баерн има освоено шест трофеи.

Борусија Дортмунд вчера го елиминираше ПСЖ со вкупен резултат 2-0 и обезбеди пласман во финалето на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.

ПредходнаАвстриецот Тием се повлекува од тенисот на крајот од сезоната
СледнаВо ЕУ разгледуваат нови санкции за Русија – таргет би бил секторот за течен природен гас