дома Uncategorized Начо се сели од Реал во САД или Саудиска Арабија

Начо се сели од Реал во САД или Саудиска Арабија

Дефанзивецот на Реал Мадрид Начо Фернандез ќе го напушти мадридскиот клуб на крајот од актуелната сезона како слободен играч, објави денеска новинарот Фабрицио Романо.

Според истиот извор, триесетичетиригодишниот Начо нема намера да ја промени првичната одлука да го напушти Реал и е подготвен кариерата да ја продолжи надвор од Европа.
Како следни дестинации ги разгледува САД, Канада или Саудиска Арабија.
Според италијанскиот новинар, не е исклучена можноста Начо да биде нов фудбалер на Интер Мајами каде сопственик е Дејвид Бекам.
Начо целата своја кариера е дел од Реал Мадрид за кој од дебито во 2011 година одигра 359 натпревари и пет пати ја освои Лигата на шампиони, а освои и четири шпански титули.

ПредходнаРеал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
СледнаНорис: Мекларен ќе биде подготвен да се бори за титула идната сезона