
Ново поевтинување на дизелот од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика одлучи тој да поевтини за еден денар за литар и согласно тоа тој сега ќе се продава по цена од 69,5 денари за литар.
Цената на бензините останува иста. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 77 денари за литар.
За 0,902 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот кој сега ќе се продава по цена од 33,963 денари.




