дома Македонија Политика Костадинов ги поздрави оставките во СДСМ: „Се отвора простор за вистинска промена“

Костадинов ги поздрави оставките во СДСМ: „Се отвора простор за вистинска промена“

Синоќа целото раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки откако тоа од нив го побара претседателот на партијата, Венко Филипче

На вчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки. Од партијата велат дека оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ.

По тој повод се огласи и екс-градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кој не доби поддршка од партијата за да истрча на локалните избори во потрага по нов мандат.

На предлог на Филипче, оставки поднесоа раководството на партијата и членовите на ИО

„Како замрзнат член, сметам дека иако дел од претходните одлуки на раководството на мојата СДСМ беа исклучително нетактични, денешниот чекор е движeње напред. Ова е одлука што треба да се поздрави, затоа што отвора простор за вистинска промена“, објави Костадинов.

ПредходнаДесет осигурителни компании картелно работеле во периодот од 1 март до 7 мај 2024
СледнаВозела пијана и удрила во паркирано возило