дома Македонија Црна хроника Возела пијана и удрила во паркирано возило

Возела пијана и удрила во паркирано возило

Дваесет и четиригодишна девојка возела со 1,55 промили алкохол во крвта и удрила во паркирано возило.
Девојката вчера е приведена во полициска станица во Тетово. Полицијата соопшти дека се работи за Џ.А.(24) од с.Ново Село, општина Боговиње која со нејзиното патничко возило ,,фолксваген туран“ удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ паркирано од В.У.(23) од Тетово.
По целосно документирање на случајот, против неa ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПредходнаКостадинов ги поздрави оставките во СДСМ: „Се отвора простор за вистинска промена“
СледнаСДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот со тендерите доделени на фирма со двајца вработени