дома Локално Денеска матно, загадено и облачно со локални врнежи од дожд

Денеска матно, загадено и облачно со локални врнежи од дожд

Денеска ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови, каде локално може да надминат 30 литри на квадратен метар за 24 часа.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе изнесува од 4 до 8, а максималната од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд и слаб до умерен јужен ветер, со температури од 6 до 11 степени.

До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло, со повремени локални врнежи од дожд. Тоам ќе придонесе магливост и поголема загаденост.

Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни, локално над 30 литри на квадратен метар. Од недела се очекува стабилизирање на времето.

ПредходнаТопаловски од СВР Скопје: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце
СледнаПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани