По две години застој, скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди, откако доцна вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски напиша на Фексбук дека ги потпиша решенијата за исплата на субвенциите
– Со инвестирање во клима уреди, правиме чекор напред кон почиста и поздрава животна средина. Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје, објави вечерва на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Градот Скопје, како што напиша Ѓорѓиевски, ќе им ги надомести трошоците за набавка на уредот во износ до 20.000 денари по домаќинство, во нето износ, а данокот на личен доход целосно ќе го покрие Градот.



