дома Македонија Од вторник можно е судската администрација да прекине со работа

Од вторник можно е судската администрација да прекине со работа

Судската администрација размислува од вторник за прекин на работата, а причина е револтот кај вработените бидејќи парите од судскиот буџет наместо за додатоци на плата, се трошат за тужби поднесени од судии.

 – Револт во судовите има веќе извесен период и големо незадоволство кај покачување на плати и исплата на додатоци по плата. Уште повеќе има револт поради тоа што сите пари од судскиот буџет се одливаат на исплата на неосновани тужби на судиите кои, иако се функционери, тужат за исплата на регрес на годишен одмор по колективни договори потпишани од синдикатите кои не важат за функционери, важат само за работници, изјави Деаноски за Телма

 

ПредходнаКонгресот на ВМРО-ДПМНЕ дефинира нова визија за партијата и државата
СледнаОЈО покрена постапка против неготинецот кој силуваше и уценуваше пријателка