Филмот „Реституција, или сонот и реалноста на старата гарда“ ја освои наградата за најдобар српски игран филм, а Желимир Жилник за најдобар режисер, на 12-от Српски филмски фестивал во Чикаго, соопштија организаторите.

На фестивалот, што се одржа од 5 до 7 декември, под слоганот „Векови на екранот, со вера низ времето“, специјалната награда „Посебни заслуги“ му беше доделена на актерот во филмот на Жилник, Милан Бата Ковачевиќ.
Како што е наведено, наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Тихана Лазовиќ за нејзината улога во филмот „Жив и здрав“, додека Петар Стругар ја освои наградата за најдобар актер за „Бисерна магла“, во кој глуми и добитничката на наградата за најдобра споредна актерка, Миона Марковиќ.
Наградата за најдобар документарец ја доби „Човек од лавина“, во категоријата краток филм победи „Џо/Џо“, додека во новововедената категорија „Зачувување на српското наследство“, првата награда ја доби филмот „Од изганства до повратка“.
„Наградата „Срце на играта“ му припадна на филмот „Брате“ за извонреден документарен портрет. Наградата „Светлост саборност“ му беше доделена на филмот „Људи Христови – наше време“ за зачувување на православието“, објавија организаторите.
Како што е наведено, особено значајна награда „Искона филма“ му беше доделена на актерот Небојша Дугалиќ „за неговиот духовен придонес во промовирањето на верата“.
Традиционалниот „Златен печат“ за исклучителен придонес во филмската и театарската уметност ѝ припадна на актерката Даница Максимовиќ, која претседаваше со фестивалското жири, соопштија организаторите.
„Посебно изненадување на фестивалот беше пристигнувањето на членовите на Голден Стејт Вориорс, кои присуствуваа на церемонијата на затворање и проекцијата на филмот „Брат“, давајќи ѝ на оваа фестивалска вечер дополнителна енергија и искра“, изјавија организаторите.




