дома Македонија Кривична пријава против поранешниот министер Оливер Спасовски

Кривична пријава против поранешниот министер Оливер Спасовски

Кривична пријава е поднесена против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за злоупотреба на службената дејност затоа што овозможил правен субјект за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист од 5.565.927 денари.                  
Кривичната пријава е поднесена вчера.
– О.С. делото го сторил на начин што во законски предвидениот рок не донел решение за одземање на овластување за технички преглед врз основа на предлог, доставен од надлежна организациска единица за граѓански работи. Истиот, иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, не ја извршил својата службена должност согласно чл.65 ст.3 од Законот за возила и чл.5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила и за категории на возила за кои се издава овластување за технички преглед на возила, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

ПредходнаДо Собранието не е пристигнат предлогот за разрешување на Коцевски
СледнаМицкоски: Трајно ќе ја напуштам политиката ако опозицијата најде еден мигрант