Премиерот Христијан Мицкоски вели дека трајно ќе ја напушти политиката ако СДСМ до пролет најде еден мигрант којшто во земјава ќе биде прифатен од Велика Британија.

– Ќе му оставам до пролет простор на Филипче, заедно со Фрчкоски и со Жерновски да одат и да бараат мигранти на територија на цела држава којшто е дел од некакков договор со Велика Британија и ако најдат еден, јас трајно ќе ја напуштам политиката, Во спротивно очекувам тројцата да се извинат. Јас сум подготвен и ова да важи за цел мој мандат но ете тие дадоа некаков рок до пролет, изјави денеска Мицкоски.
Коментирајќи ги најавите на лидерот на СДСМ за предлог-резолуција за мигранти и организирање на сенароден протест, Мицкоски рече дека е голем притисокот за Филипче да си замине од лидерската позиција во партијата и затоа бара теми мислејќи дека на тој начин ќе преживее.
– Сега нема тема, притисокот е голем Венко Филипче да си замине, и од внатре и од надвор, и сега наеднаш пи-ар тимот му вели темата ќе биде мигранти – два таблоиди во Велика Британија објавија и ајде на оваа тема да се качиме и да ја туркаме, мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе, рече Мицкоски.




