дома Македонија Економија Собранието на Северна Македонија го донесе Буџетот за 2026 година

Собранието на Северна Македонија го донесе Буџетот за 2026 година

 По два дена расправа, Собранието денеска го донесе Буџетот за 2026 година. Поддршка дадоа 71 пратеник, 14 беа против, а воздржани немаше. 

Буџетот за 2026 година тежи  околу 6,7 милијарди евра и во него растот на БДП е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти.  Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, расходите 414,2 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5 проценти од планираниот БДП.

За пратениците од власта овој буџет обезбедува поддршка за бизнисот, ги штити пензионерите со зголемување на пензиите и носи силен инфраструктурен бран со изградба на патишта, училишта, градинки… – Тоа се реани проекти кои ќе им донесат подобар живот на граѓаните, рекоа пратениците од власта.

Според опозицијата, Буџетот содржи нереални проекции и служи само за добивање на политички поени. Посочија дека за првпат доцни исплатата на социјалната помош, туѓата нега, исплатата на МојДДВ, а стагнираат и платите, иако власта се фали со раст на БДП во третиот квартал. Нагласија дека имаме најниска минимална и просечна плата во регионот и обвинија дека Владата не сака да се фати со решавање на проблемот со растот на минималната плата и затоа ги пушта за тоа да се договорат синдикатите и работодавачите.

ПредходнаМицкоски: Трајно ќе ја напуштам политиката ако опозицијата најде еден мигрант
СледнаАпосулутно ќе дадам дозвола за собирот на поранешните водачи на ОВК во сабота во Чаир. Тоа е демократско право