дома Македонија Политика Шилегов до обвинителот: Ако тврдите дека 13 години владеел хаос, што правевте...

Шилегов до обвинителот: Ако тврдите дека 13 години владеел хаос, што правевте Вие за тоа време?

Адвокатот Петре Шилегов, бранител на обвинетиот Шовкет Хазари, денеска остро го критикуваше обвинителниот акт, обвинувајќи го обвинителството за селективен и непрофесионален пристап во спроведувањето на истрагата. Тој истакна дека институциите со години избегнувале обврски кои, според сопствената теорија на каузалитет, биле должни да ги преземат.

„Ако ја прифатиме широката интерпретација на обвинителството, тогаш сериозно не пристапуваат многу лица во оваа судница. Кој одлучува каде почнува и каде завршува каузалитетот?“ праша Шилегов пред судот.

Адвокатот посочи дека обвинението се однесува исклучиво на поранешни службеници, додека актуелни министри, директори и бројни вработени од Министерството за економија, кои, како што наведе, учествувале во истите постапки во последните петнаесет години, воопшто не се опфатени.

Шилегов оцени дека таквиот пристап го нарушува принципот на еднаква одговорност и создава впечаток на селективно гонење.

ПредходнаНавивачи од Словачка дивееле во авион на летот до Скопје – им забраниле влез во Македонија
СледнаПочна процедурата: Предлогот за разрешување на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски пристигна во Собрание