дома Македонија Политика Ахмети: САД, НАТО, Европа – ви благодариме за поддршката на УЧК

Ахмети: САД, НАТО, Европа – ви благодариме за поддршката на УЧК

Али Ахмети, лидерот на ДУИ на протестниот митинг во Скопје, каде што граѓаните изразија поддршка за поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, за време на својот говор, им се заблагодари на САД, Европската Унија и НАТО за поддршката што ѝ ја дадоа на ОВК, помагајќи да се запре геноцидот врз народот на Косово.

„Денес сме собрани на плоштадот Скендербег, историско место за границите на Европа, за да не се дозволи негово окупирање. Тука сме во близина на местата каде што дејствувале истакнати личности од нашиот народ, како што се Хасан Приштина, Пјетер Богдани и Неџат Аголи. Хасан Приштина беше убиен за слободата на нацијата, Пјетер Богдани обезбеди европско знаење и филозофија, додека Неџат Аголи беше застрелан од режимот поради неговото барање за слобода, правда и еднаквост за народот“, рече Ахмети.

Денешниот протест не е насочен против Македонија, бидејќи оние кои се наоѓаат пред судот во Хаг имаат придонес за стабилноста и мирот, како и за иднината на државата, рече лидерот на Демократската унија за интеграции (ДУИ), на денешниот собир за поддршка на поранешните команданти на ОВК

ОВК не беше криминална организација, туку се бореше за правата и за еднаквост на Албанците. За време на конфликтот се почитуваа сите меѓународни конвенции. Не е точно тоа што е наведено во обвинението за поранешните водачи на ОВК кои се на судење во Хаг. Испраќаме порака до сите меѓународни фактори дека треба да има правда за овие луѓе,“ беше кажано на собирот.

Тој исто така рече „Америка, НАТО, Европа, ви благодарам што ја поддржувате филозофијата и постапките на најголемите луѓе на нашиот народ преку Ослободителната војска на Косово, запирајќи го геноцидот врз нејзиниот народ“.

На протестот присуствуваа голем број на луѓе, многумина обвиени во албански знамиња и симболи на ОВК. Додека траеја обраќањата, учесниците на протестот скандираа во знак на поддршка на ОВК, а се вееја и знамиња на Албанија, Косово и САД, а забележително беше тоа што и дел од присутните носеа и фотографии од обвинетите. Протестот помина мирно, без инциденти, со зголемено полициско присуство.

Претходно, коментирајќи го најавениот протест, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Ахмети прави обид да се мобилизира пред партискиот Конгрес на ДУИ, но оцени дека ова е погрешен чекор поради кој во иднина тешко ќе може да најде политички партнер. Според Мицкоски, протестот дополнително ќе го изолира лидерот на ДУИ и ќе го обележи како генератор на нестабилност во државата.

ПредходнаРената Дескоска избрана за потпретседател на Венецијанската комисија
Следна„Марш за ангелите“ во Кочани: Се бара одговор зошто е пробиен рокот за поднесување обвинение против полициските службеници