дома Македонија Политика Тошковски: До јули ќе го имплементираме „Безбеден град“ на цела територија, по...

Тошковски: До јули ќе го имплементираме „Безбеден град“ на цела територија, по 1 февруари почнуваат казните

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска најави дека системот „Безбеден град“ забрзано се шири и до летото следната година ќе биде имплементиран на целата територија на државата. Тој потсети дека во моментов тече тест-периодот, а официјалното регистрирање на прекршоците и казнувањето ќе започне од 1 февруари 2026 година.

Тошковски истакна дека веќе се чувствуваат првите ефекти – бројот на сообраќајки со тешки повреди е во опаѓање таму каде што системот веќе е активен.

„Никој нема да биде изземен од казна, освен итната помош, пожарникарите и полицијата при акција. Дури и јас добив опомена за сообраќаен прекршок и тоа го споделив јавно“, истакна министерот.

Целта на МВР е преку овој „паметен систем“ да се следи европската стратегија на „нула жртви“ во сообраќајот до 2050 година.

 

ПредходнаОрце Ѓорѓиевски останува да го води ЗЕЛС, негови потпретседатели Горан Герасимовски и Изет Меџити
СледнаКатерина Костова е нова в.д. директорка на скопската ЗОО