дома Македонија Незрелост на бели дробови, причина за смртта на новороденчето, покажа обдукцијата

Незрелост на бели дробови, причина за смртта на новороденчето, покажа обдукцијата

Причина за смртта на новороденчето кое почина на Клиниката за гинекологија е респираторна инсуфициенција на респираторниот стрес синдром односно незрелост на белодробието, покажува обдукцискиот извештај.
Клиниката за гинекологија која информираше за обдукцискиот извештај посочува дека обдукцијата покажала дека нема физичка повреда на било кој од органите кај новороденчето.
Од ГАК велат дека семејството на новороденчето е повикано со цел лично да биде информано за сите детали од наодот.
– Согласно заклучокот, Клиниката ќе постапи по сите правни процедури пропишани за евентуално поведување на дисциплинска постапка во рамките на дозволениот временски рок. Како установа изразуваме длабока жалост, а воедно сочувствуваме со болката и загубата на семејството. Вработените на ГАК секојдневно се борат за животите на многу деца, но за жал се случуваат и загуби кои ги доживуваме не само како професионалена, туку и емотивна загуба, велат од ГАК.
По случајот со починатото новороденче беше извршен вонреден инспециски надзор, а формирна е и стручна комисија која треба да утврди дали имало евентуални неправилности во лекувањето на бебето.

 

ПредходнаВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби
СледнаСДСМ бара од Уставен укинување на резолуцијата на ВМРО