дома Локално Се урива во центарот на Скопје, на кејот од Вардар

Се урива во центарот на Скопје, на кејот од Вардар

 

Град Скопје започна акција за уривање на диво поставени временски објекти во централното градско подрачје, на кејот на реката Вардар. Неофицијално станува збор за објекти изградени без соодветна дозвола, кои претставуваат узурпација на јавен простор.

Акцијата се спроведува во координација со Општина Центар, а од Град Скопје најавуваат дека нема да застане само на оваа локација, туку ќе се прошири на целата територија на градот.

Надлежните институции најавуваат дека ќе продолжат со засилени контроли и интервенции со цел заштита на јавниот интерес и враќање на урбаниот ред во главниот град што ќе значи крај за бесправната узурпација на јавниот простор на подрачјето на Скопје.

ПредходнаСДСМ бара од Уставен укинување на резолуцијата на ВМРО
СледнаАлкалоид со свои инвестиции оваа година остварил 335 милиони евра и извоз од над 220 мил. евра