дома Македонија Црна хроника Тешка несереќа на автопатот Белград – Ниш: Двајца македонски државјани загинаа

Тешка несереќа на автопатот Белград – Ниш: Двајца македонски државјани загинаа

Две лица, државјани на Северна Македонија, го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Белград – Ниш во Србија. Според информациите на српските медиуми, автомобилот во кој се превезувале излетал од патот.

Несреќата се случила кај клучката Умчари.

Според првичните и неофицијални информации, возилото марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. Силината на ударот била фатална за патниците на предните седишта.

Од смачканиот автомобил биле извлечени телата на маж и жена – возачот и совозачот, за кои е потврдено дека се македонски државјани.

Во возилото имало уште едно лице, патник, кој го преживеал ударот, но се здобил со тешки телесни повреди и итно е пренесен во болница .

Полицијата извршила увид на лице место, а истрагата е во тек за да се утврдат точните причини кои довеле до оваа трагедија.

Сообраќајот на автопатот полека се нормализира.

ПредходнаGiovanni Boccaccio
СледнаТајната на сочна печена мисирка