дома Локално Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Скопје утрово е прв од најзагадените градови во Европа, покажува рангирањето на швајцарската „IQ Air“. Со просечна загаденост од 101, Скопје е прв во Европа, а на 21 место во светот.

Веднаш зад Скопје се Амстердам и Сараево.

Апликацијата „AirCare“ покажува умерена загаденост, но на одредени мерни станици концентрацијата на ПМ-10 честички е над 200.

На сила се мерките на Владата за заштита на населението од загадувањето. На сите работодавци им се препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и граѓаните со хронична астма, прележан срцев удар или мозочен удар, без оглед на возраста. На оние кои мора да работат на отворено им се препорачува смените да им бидат поместени во интервалот од 11 до 17 часот, кога загадувањето вообичаено благо попушта.

Препорачиво е да се избега од котлините и да се оди на повисоки места.Скопје го има водно таму сликата е сосема различна. колку за илустрација на Водно утрово е сончево, а маглата стига некаде до средно Водно

ПредходнаСе огласи пратеникот Јанчев за сообраќајката каде загина дете: Жал ми е за сѐ, но не сум бил пијан, дрогиран, ниту сум возел бесно
СледнаАеродромот во Скопје е затворен. Сите утрински летови се откажани