дома Македонија Економија Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката

  Во Владата денеска беа потпишани договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со што се најавуваат стратешки инвестиции во енергетскиот сектор во вкупна вредност од 97 милиони евра.

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката-Во Владата денес беа потпишани договори, настан кој има значење и оди многу подалеку од формалниот чин на потпишување на договори. Всушност денес донесовме одлуки коишто ја обликува иднината на државата, ја зајакнуваат нејзината стабилност и ја дефинираат нашата визија за економски развој, безбедност и суверенитет, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Со потпишувањето на договорот за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализацијата на хидроелектраните – Фаза 3, испраќаме, како што посочи премеирот, јасна и недвосмислена порака: енергетиката е еден од клучните национални приоритети и инвестиција од највисок стратешки интерес.

-Станува збор за инвестиција од вкупно 97 милиони евра, од овие, 50 милиони евра се од КфВ се за фотонапонска „Битола 3“, 10 за ревитализација на хидроелектрани, а 37 од ЕБОР се за ФЕ „Битола 3“. Со овие проекти, инвестициите во енергетскиот сектор се приближуваат до 100 милиони евра, вели Мицкоски.

Владата, како што рече тој, изразува благодарност до Министерството за финансии, АД ЕСМ за нивната професионалност, експертиза и посветеност во спроведувањето на овие стратешки инвестиции.

– Посебна благодарност како Влада упатуваме до нашите меѓународни партнери – КфВ Банка и Европската банка за обнова и развој, за поддршката и довербата во реформските политики и визијата која е препознаена и дека нашите политики се кредибилни, одржливи и насочени кон иднината. Ова партнерство е пример како државата и меѓународната заедница можат заедно да градат проекти од стратешко значење, истакна премиерот.

Според него, оваа цел на Владата не е краткорочен ефект, туку долгорочна трансформација.

ПредходнаSP: Судење „Мито за кревет на Геријатрија“: Обвинет тврди дека телефонот на директорот го нашол по селските кафеани
СледнаМуцунски: Има опасност од евроскептицизмот и тоа е кредибилно затоа што вратите за ЕУ не се отвораат