дома Локално Студено и облачно утро во Македонија, почна зимата

Студено и облачно утро во Македонија, почна зимата

Ова утро во Македонија имаме облачно време во најголемиот дел  студено и претежно тивко и без ветер. По котлините и понатаму има појава на значителна ниска облачност и појава на магла.

 Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнa вчера  во 16 часот и 3 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почна летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга.

До крајот на годината остануваат уште 9 дена.

Зимата ќе трае 88 дена 23 часа и 42 минути, односно до 20 март 2026 година кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Денеска во  најголем дел температурите се близу нулата а на повеќе места тие се  и под нулата  и има појава на слана  и на мраз.

Појава на магла ќе има иденеска  по одделни котлини, исто така  и  утре кога кон крајот на денот и во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

ПредходнаДржавата за 375.000 евра продава акции во Алта банка, кои беа на ,,Ексико”, а одземени од Мијалков
СледнаСиноќа на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени