Македонија повторно се најде високо на светската листа за загаденост на воздухот. Според најновите податоци од глобалните рангирања за квалитет на воздух, земјата се наоѓа на 7. место во светот, со индекс на загадување од 145, што спаѓа во категоријата „Unhealthy for Sensitive Groups“ (нездраво за чувствителни групи).
Ова значи дека децата, повозрасните лица, бремените жени и граѓаните со хронични респираторни и кардиоваскуларни заболувања се изложени на зголемен здравствен ризик, особено при подолг престој на отворено.
- Струмица (AQI 181)
- Ѓорче Петров (174)
- Кичево (174)
- Гостивар (158)
- Илинден (154)
- Велес (151)
Скопје е на 7. место со индекс 135, што и понатаму укажува на загрижувачко ниво на аерозагадување, особено во зимскиот период кога доминираат домашното греење, температурните инверзии и слабото струење на воздухот.
Главни загадувачи и понатаму се ПМ10 и ПМ2.5 честичките, кои лесно навлегуваат длабоко во белите дробови и крвотокот, предизвикувајќи воспаленија, влошување на астма, бронхитис, како и зголемен ризик од срцеви и мозочни удари.
Иако Македонија е далеку под екстремно загадените земји како Индија, Пакистан и Бангладеш, позицијата во првите десет најзагадени држави во светот повторно го отвора прашањето за ефикасноста на мерките за заштита на воздухот, пишува Трн.
Експертите апелираат на намалување на индивидуалното загадување, користење почисти извори за греење и следење на препораките – особено во денови кога индексот на загаденост е зголемен.
Институциите се однесуваат на ниво на невладини организации кои само апелираат и препорачуваат, но не санкционираат и немаат постојан сиситем на проверка на загадувачит е од индустријта кои се вадат на дозволи и параметри кои очигледно не придонесуваат за здрава и чиста животн средина.
Експертската јавност предупредува дека нерешавањето или игнорирањето на проблемот сериозно влијае на здравјето на населението, а за решение се потребни темелни реформи и свесност и воља, која очиглено недостасува кај политичките и бизнис елити.




