дома Македонија Економија Владата прогласи седумдневна кризна состојба поради електрична енергија

Владата прогласи седумдневна кризна состојба поради електрична енергија

  Владата на Северна МАкедонија  донесе одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата.

Одлуката е со траење од седум дена од денот на нејзиното влегување во сила. Донесена е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

– Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надомест, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај до Владата и до Министерство за финансии, информира владината прес-служба.

Предходна„Пулс“ како гасна комора од чад и цијаниден гас – како навистина умреле жртвите во Кочани?
СледнаМакедонија меѓу најзагадените во светот и сите си ќутат