дома Локално Се стресе охридското тло, земјотрес со интензитет од три степени

Се стресе охридското тло, земјотрес со интензитет од три степени

Ноќва во 03 часот и 18 минути регистриран е земјотрес во Охрид и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и Рихтерова магнитуда од 2,2.

Епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 105 км југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван во Охрид и блиската околина.

ПредходнаЕдна година затвор за кавадарчанецот кој сакаше да прегази полициски службеник
СледнаОгњеновиќ од Извршниот на СДСМ тврди: ВМРО координира операција за уривање на СДСМ одвнатре