Ноќва во 03 часот и 18 минути регистриран е земјотрес во Охрид и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и Рихтерова магнитуда од 2,2.

Епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 105 км југозападно од Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван во Охрид и блиската околина.




