дома Македонија Вештачењата на полицијата покажуваат дека двегодишното дете починало од залутан куршум

Вештачењата на полицијата покажуваат дека двегодишното дете починало од залутан куршум

Досегашните вештачења на полицијата покажуваат дека двегодишното дете на новогодишната ноќ починало од залутан куршум, а не од куршум директно насочен кон него.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека истрагата е се уште во тек и се трага по сторителот, но дека во ваквите случаи се исклучително тешки за откривање на сторителот.

– Не станува збор за куршум директно насочен кон детето, туку за залутан куршум. Преземаме се да го утврдиме сторителот, но ова се многу тешки ситуации за утврдување и откривање на сторителот, изјави Тошковски.

Вели дека веќе се спроведува и истрага која треба да ги утврди наводите на родителите на детето дека имало полициска бруталност врз нив.

 

ПредходнаЃорѓиевски: Загадувачите казнети со глоби до 53.000 евра
СледнаЗаборавете на Грција вечерва и викендов: Вонреднда блокада на Евзони