Поради уличен дефект на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Васил Ѓорѓов“, „Адам Мицкиевиќ“, дел од „Киро Глигоров“, дел од „Козара“ и Заводот за физиклна медицина и рехабилитација.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, снабдувањето со вода ќе биде во прекин од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради дефект на затварач (шибер) Ф100мм. на улица „5“ бр.47 во село Моране, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од општина Зелениково и дел од село Моране.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.




