дома Македонија Црна хроника Пијан битолчанец предизвикал сообраќајка во која има повредени лица

Пијан битолчанец предизвикал сообраќајка во која има повредени лица

Битолчанец возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода во која има две лица се повредени. Возачот, информира денеска МВР, имал 1,81 промили алкохол во крвта.
Сообраќајката се случила вчера околу полноќ на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола.
Во сообраќајката учествувале две возила „форд експорт’ управувано од 36-годишниот Н.Б и „дачиа сандеро“ управувано од 61-годишниот Н.М. Со тешки повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките на возраст од 24 години.
Пијаниот 36 годишен возач на фордот е приведен.

Предходна“Луѓето кои ги сакаме никогаш суштествено не “умираат” – Хемингвеј за најразорната загуба и смислата на животот
СледнаОнлајн измами за игри на среќа на социјалните медиуми