дома Технологии „Епл“ ги прилагодува прашањата за следење на корисниците на ајФон

„Епл“ ги прилагодува прашањата за следење на корисниците на ајФон

„Епл“ го менува прозорецот што се отвора пред корисниците на ајФон кога првпат отвораат апликација, со цел да изберат дали ќе дозволат следење на нивното однесување на други апликации и веб страници, со цел да бидат прилагодени рекламите што ќе им се појавуваат, соопшти германското Федерално биро за картели.

Бирото, кое е задолжено за контрола на почитувањето на правилата за конкурентност, уште во 2022 година започна истрага за тоа дали „Епл“ со тој прозорец ги фаворизира сопствените апликации.

Според Бирото, прашањето што се појавува на прозорецот било формулирано на таков начин што имало поголема веројатност дека корисниците првенствено ќе кажат „не“ на апликации од други компании, отколку на оние на „Епл“.

Истрагата е покрената врз основа на поплаки на рекламните компании и издавачите,.

Иако „Епл“тврди дека нема ништо лошо во неговите правила, сепак реши да ги прилагодува. Така, зборот „следење“ исчезна од прозорецот, а копчињата за одобрување и одбивање ги сменија местата: „Дозволи“ сега се појавува горе, а „Забрани“ долу. Дополнително, апликацијата може повторно да побараат дозвола за одобрување дури по една година.

Новата верзија ќе биде достапна само за корисниците во Европската Унија.

Франција и Италија претходно го казнија „Епл“ со 150 милиони, односно 98,6 милиони евра, поради истата функција.

ПредходнаТрамп: Тајно преговараме со Иранската револуционерна гарда, Иранците негираат
СледнаКако Илон Маск го победи најмоќниот синдикат во Шведска